За Артан Груби единствен кандидат и за претседател и за премиер е Али Ахмети


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По пласираните реакции од порталот „Алмакос“ дека пратеникот на ДУИ, Артан Груби, изјавил оти отворено ќе лобира и ќе го поддржи Никола Димитров за претседателски кандидат на владејачката коалиција, Груби во изјава за Мкд.мк, тврди дека таквата информација е лажна вест.

„Мојот единствен фаворит за претседател на држава, премиер, претседател на Собрание, претседател на ДУИ и лидер на Албанците, бил, е и ќе биде Али Ахмети. Се друго се лажни вести и очајна платеничка пропаганда”, ни изјави Груби.

Порталот, повикувајќи се на извори од партијата, објави дека Артан Груби отворено е за претседателската кандидатура на Никола Димитров, актуелниот министер за надворешни работи, а заедно со Миле Зечевиќ, организациски секретар на СДСМ, по денешната средба на претседателите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, добија задача оваа недела да најдат заеднички кандидат.

„Патетична пропаганда на очајници кои што постојано се во служба на едни или на други, зависи кој ги ‘погалува’ или тапка по рамо”, вели Груби.