Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Славниот нуркач од Нов Зеланд, Вилијам Трубриџ, е првиот човек кој успеа целосно под вода да го преплива новозеландскиот канал „Кук Стрејт“ во пливачки стил на делфините.
Трубриџ е светски познат рекордер во длабочинско нуркање со еден земен здив, без користење на дополнителен кислород, користејќи го само капацитетот на неговите бели дробови. Тој успеа да го преплива каналот „Кук Стрејт“ целосно пливајќи под вода, „во еден здив“, со помош на пливачки костим со „делфински“ пераи.
Апелот и поентата на овој негов подвиг е дека, „ако човек може да го преплива каналот како делфин, тогаш треба и останатите делфини да ја имаат истата слобода да прават тоа“.