Им пркоси на Ајнштајн и Хокинг: Малиов решил научно да докаже дека Бог постои


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


11-годишниот Вилијам Маилис, за разлика од неговите врсници, на таа возраст не сонува што сака да биде, туку веќе ја трасира својата животна определба како астрофизичар и тоа прв од таа фела кој планира да докаже научно дека Бог постои. Со таа негова идеја, тој им пркоси на генијални и брилијантни умови од рангот на Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Иако има само 11 години, Вилијам најсериозно ги поврзува својата вера и афинитетот кон астрофизиката како негов врвен научен предизвик. Тврди дека научно може да докаже дека Ајнштајн и Хокинг не биле во право со своите научни тези.

Вилијам средно училиште завршил на 9-годишна возраст. Веќе има диплиомирано на државен колеџ, а во 2018 година се запиша на факултет. Професорката и психолог од Универзитетот во Охајо, Џоан Рутсац, го прогласи Вилијам за гениј.

Неговиот татко Питер Маилис, по професија грчки православен свештеник, за синчето открива дека почнал да зборува со целосни реченици на само 7-месечна возраст. Неколку месеци пред да наполни 2 години веќе знаел да дели, а до роденденот научил и да множи. На тие години веќе без проблем читал книги за деца и напишал книга од 9 страници со наслов „Среќна мачка“ (Happy Cat).

Кога имал 4 години учел алгебра, знаковен јазик и како да чита грчки. Кога наполнил 5 години прочитал учебник од 209 страници за геометрија, и тоа во само една вечер. Следното утро веќе решавал и задачи.

Со своите научни идеи и тези веќе им пркоси на гениите Ајнштајн и Хокинг во врска со настанувањето на универзумот, преку кои сака да докаже дека Бог навистина постои како надворешна сила која единствно може да го создаде космосот.

Во однос на изјавата на Хокинг дека Бог не постои, малиот Вилијам вели:

„Затоа што постојат атеисти кои се обидуваат да кажат дека нема Бог, кога во реалноста потребна е повеќе верба да верувате дека нема Бог, отколку да верувате дека постои… Има повеќе смисла дека нешто го создало универзумот, отколку тоа дека универзумот се создал сам. Потребна е повеќе верба да кажете дека универзумот се создал сам, наместо дека го создало нешто друго, бидејќи е пологично“.