„Бомба“: Реал го „украде“ Холанѓанецот пред носот на Барса и Јувентус


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт важи за еден од најталентираните дефанзивцо во светот и за него буквално се „тепаат“ европските гиганти.

Веќе подолго време Де Лихт се поврзува со трансфер во Барселона и Јувентус. Овие два европски гиганти подолго време водат битка за потписот на дефанзивецот, но последните инфмации говорат дека Реал Мадрид ја победил конкуренцијата.

Имено, „Дон Балон“ пренесува дека Флорентино Перез синоќа имал состанок со раководството на Ајакс и постигнал договор за трансфер на Де Лихт. „Кралевите“ се согласиле за неговиот потпис да платат 70 милиони евра.

Пред неколку дена медиумите објавија дека Јувентус е фаворит за потписот на 19-годишниот Холанѓанец поради добриот однос кој го има со неговиот агент Мино Раиола.

Меѓутоа, „бјанконерите“ не се спремни да платат повеќе од 55 милиони евра за неговиот потпис, а се добива впечаток дека Барса после астрономската сума за Де Јонг нема да има финансиска моќ да ангажира уште еден супер талентиран фудбалер.

Таквата ситуација ја искористи Флорентино Перез кој на Ајакс му понудил 70 милиони евра, сума која клубот од Амстердам не можеше да ја одбие.

Сега останува уште „кралевите“ да ги договорат условите со фудбалерот, но според „Дон Балон“ тоа е само формалност, бидејќи неговиот менаџер Мино Раиола сигурно нема да ја пропушти шансата да соработува со Реал Мадрид.