„Opportunity“ е мртов: Крај на мисијата на Марс за славниот ровер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од НАСА официјално објави дека роверот Opportunity, кој речиси 15 години ја истражуваше површината на планетата Марс, е мртов.

Роверот за последен пат комуницирал со Земјата пред осум месеци, а комуникацијата се прекинала по песочната бура на Марс. Оттука, од НАСА заклучија дека не можат веќе да се поврзат со него, откако повеќе пати се обиделе.

Поради тоа, мисијата на овој ровер е прогласена за завршена. Роверот слета на Марс во 2004, а од тогаш неговата мисија го смени нашето разбирање и перцепција за Црвената планета.

Последната одредница на Opportunity

Овој ровер ги надмина сите очекувања, зашто со години праќаше податоци на Земјата , соопштуваат од НАСА.

Животниот век на роверот траеше 60 пати подолго од предвидениот, а наместо 1000 метри , помина цели 45 километри се додека не заврши во долината Персеверанс.