Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Изминатиот викенд 58-годишната бивша ѕвезда од акционите и филмовите со боречки вештини, Жан-Клод Ван Дам, се забавуваше во Лос Анџелес, каде поради доделувањето на „Греми“ наградите пристигнаа голем број ѕвезди од музичкиот и холивудскиот шоубизнис крем.
Пред и по доделувањето на споменатите престижни музички награди беа организирани голем број забави и журки, а една од најголемите од тој формат беше онаа на Клејв Дејвис, на која се забавуваше и славниот Ван Дам. Таму го придружуваше Дијана Бечиревќ, бивша манекенка од Тузла и некогаше секс-симбол на Југославија.
Таа досега има остварено бројни познанства со светските шоубизнис ѕвезди, а последниве години нејзина адреса на живеење е Лос Анџелес. Во нејзино друштво на споменатата забава, Ван Дам не личеше на себеси, веројатно поради претерувањето со некоја чашка повеќе од „капацитетот“.
Своевремено, по Дијана воздивнуваа голем број славни фаци од рангот на Ал Пачино, Горан Бреговиќ и Здравко Чолиќ.
Тузланката работеше како ТВ водителка во Италија и сними неколку филма. Потоа се вљуби во англискиот благородник сер Мајкл, па на тој начин ја заработи и титулата лејти.