Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Трагичната смрт на аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала го трогна целиот фудбалски свет, но вчера на фудбалските терени во Англија беше видена една грозна сцена.
За време на натпреварот помеѓу Саутемптон и Кардиф Сити вчера двајца приврзаници на „светците“ имитираа гестови на авион кој се урна и така ја исмеваа смртта на Сала, кој е најскапо засилување во историјата на Кардиф.
Видеото веднаш стана вирално на интернет, а полицијата не задоцни и ги приведе двајцата мажи.
„Нема место за вакво однесување во фудбалот и ова нема да се толерира на „Сент Мери”. Клубот ќе им забрани влез на овие навивачи“, стои во соопштението од клубот.
Keep an eye on the bloke in the middle, making plane expressions just two days after the Emiliano Sala confirmation, glad to say they both got ejected but had to shame them #CCFC #SOUCAR pic.twitter.com/nF57gpFMDh
— . (@ccfcben) February 9, 2019
Пред натпреварот, фудбалерите на двата тима му оддадоа почит на Сала со едноминутен молк, а Кардиф забележа победа од 2:1.
„Сакавме да победиме за Емилијано и јас сум горд што момците тоа го направија“, рече менаџерот Нил Варнок по мечот.