Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според извештајот од специјалната известувачка на ОН, која го испитува убиството на новинарот од Саудиска Арабија, Џамал Кашоги, убиството било „планирано и извршено“ од страна на саудиските власти.
„Доказите собрани за време на мојата мисија во Турција на прв поглед покажуваат дека Кашоги е жртва на брутално убиство, испланирано и извршено од страна на официјални претставници на Саудиска Арабија“, рече Агнес Каламард, специјална известувачка на ОН.
Каламард во седиштето на ОН во Женева соопшти дека саудиските функционери „сериозно ги нарушиле“ и одложиле напорите на Турција да го истражи местото на злосторството во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври минатата година, пренесе Ројтерс.
Известувајќи за седумдневната мисија на својот тричлен тим во Турција, Агнес Каламард рече дека имале пристап до „морничавиот аудио материјал“ за смртта на новинарот што го добиле од турската разузнавачка агенција.
Кашоги беше убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул.