Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Човештвото и планетата Земја се наоѓаат во средната од најтоплата деценија откако е почнато со мерење и водење статистика на ваквите податоци од 1850 година наваму. Ова го соопштија од метеоролошката канцеларија во Лондон.
Лондонските метеоролози предвидуваат покачување на температурите по еден цел степен Целзиусов, а може и повеќе, во секоја наредна година. Исто така, во наредните пет години постојат шанси човештвото да се соочи со година во која растот на просечната глобална температура би можел да биде повеќе од 1,5 степен.
Ова се смета за критичен праг за климатските промени.
Ако податоците се совпаднат со предвидувањето, тогаш деценијата од 2014 до 2023 година ќе биде најтоплата во период од 150 години водење евиденција.
Метеоролошката канцеларија соопштува дека 2015 година била прва година во која глобалната годишна просечна температура достигнала еден степен над прединдустриското ниво, односно температурите во текот на периодот од 1850 и 1900 година.
Оттогаш, секоја година глобалниот просек лебди блиску или над ознаката 1 степен. Според метеоролошката канцеларија, овој тренд веројатно ќе продолжи или ќе се зголеми во текот на наредните пет години.
– Само што ги направивме предвидувањата за оваа година и тие одат до 2023 година и предвидуваат брзо затоплување на глобално ниво – вели професор Адам Скај, шеф на долгорочните прогнози на метеоролошката канцеларија.
– Гледајќи ги индивидуалните години во таа прогноза, сега првпат можеме да видиме дека постои ризик од привремено надминување на сите важни нивоа на прагот од 1,5 Целзиусов степен, утврден во Парискиот климатски договор.
Колку е сигурна метеоролошката канцеларија во предвидувањата?
Од канцеларијата велат дека имаат 90 отсто доверба во предвидувањата за годините што следуваат. Од 2019 до 2023 година ќе видиме температури што ќе се движат од 1,03 степен до 1,57 степен над нивото од 1850 до 1900 година, со зголемено затоплување над поголемиот дел од светот, особено во областите како Арктикот.