1,2 милиони евра годишна котизација – толку ќе нè чини членството во НАТО


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонија, или поточно Северна Македонија, за своето членство во НАТО алијансата ќе плаќа годишна котизација од 1,2 милиони евра. Тоа синоќа го објави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

„Според разговорите кои што ги имавме во НАТО, проценките, калкулациите, негде околу 1,2 милиони евра ќе придонесува Македонија во буџетот за НАТО. Тоа не е голема сума. Факт е дека најголемиот дел од инвестирањето во НАТО е инвестирање во нашата одбрана и во нашата армија, а дека овој дел на трошоци не се трошоци од кои зависи буџетот на една земја“, рече Шекеринска во гостувањето на емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Таа најави дека по потшишувањето на протоколот за членство во НАТО ќе следи зголемување на персоналот на Мисијата на Македонија во седиштето на Алијансата поради зголемениот обем на работа.