Удрил деветгодишно девојче со автомобилот, па избегал од местото

трагедија

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера, на 5 февруари, во скопскиот регион, на патот меѓу село Лека и село Крушопек, автомобил управуван од непознат возач удрил во пешак – деветгодишно девојче од село Крушопек.

Како што информираат од МВР, по инцидентот возачот побегнал од местото на настанот. Девојчето со друго возило било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, од каде велат дека работат на расчистување на случајот.