Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако се достави барање за давање начелно правно мислење, Врховен суд мора да постапи по таквото барање, апелира Јово Вангеловски.
Законот е јасен, рокот на СЈО е истечен, а начелно правното мислење е задолжително за Врховниот суд и ако дојде до жалба од странката до Врховниот суд тој ќе мора да ја укине пресудата заради донесеното мислење, порача вечерва претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
Тој посочи дека начелно правното мислење не е одлука со која се запира работењето на СЈО или се наложува нешто, туку се дава за обезбедување единство во примена на законите од страна на судовите.