Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот човек на Римокатоличката црква, папата Франциск, го призна сексуалното злупотребување на калуѓерки од страна на свештеници и бискупи.
„Има свештеници и бискупи кои го правеле тоа“, рече папата во авионот на враќање од Абу Даби, одговарајќи на новинарски прашања.
Папата вели дека Ватикан веќе некое време се занимава со ова прашање.
„Суспендиравме неколку свештеници поради тоа“, вели папата, додавајќи дека „црквата не смее да ги негира тие дела“.
Тој вели дека против тоа треба да се стори повеќе и дека имаат волја да се борат.