Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дубаи дефинитивно го заслужува описот „престолнина на облакодерите“ со оглед на фактот дека во план е изградба на уште една, нова, меганаселба која ќе биде збогатена со уште еден облакодер во рамки на овој град.
Инвестициската компанија „Дубаи холдинг“ објави детали од градежниот мегаломански проект, кој ќе вклучува и кула висока 550 метри.
Кулата, наречена Бурџ Џумеира, ќе биде сместена во областа Ал Суфоух во Дубаи во близина на Бурџ ел Араб.
Плановите покажуваат дека кулата ќе биде опкружена со мешовита, станбена и комерцијална зона наречена „Даунтаун Џумерија“. Најважниот и најпикантен факт за оваа кула е дека нејзината основа ќе биде дизајнирана во форма на отисокот од прстот на шеикот Мохамед бин Рашид.
Изградбата ќе почне веднаш, се наведува во соопштението на компанијата, а првата фаза ќе биде завршена во 2023 година.