Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
43-годишната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ, и нејзината партнерка, Милица Ѓуриќ, чекаат принова во нивното семејство, пренесуваат српските медиуми.
Бремената Милица, како што пренесуваат, веќе некое време не се појавува во јавноста, а во Клиничкиот центар во Србија каде е вработена, потврдиле дека е на боледување откако останала бремена со потпомогнато оплодување.
Во кацеларијата на српската премиерка за магазинот „Глориа“ кратко се заблагодариле за честитките. Порачале и дека Ана Брнабиќ јавно не зборува за приватниот живот, и дека согласно со тоа не можат да го откријат полот на детето кое го носи партнерката на премиерката, пренесе српски „Blic“.