Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Почнувајќи од 1 мај 2009 година хомосексуалните и лезбејските двојки можат да ги регистрираат своите партнерства и законски да се венчаат во Шведска. Шведска има родово неутрален брак определен со закон од 2009година што значи дека две лица со исти пол можат да стапат во брак според исти закони кои се однесуваат на две лица од различен пол. Новиот закон го замени законот за регистрирано партнерство, кој беше воведен во 1995 година. Иако не постои правна разлика помеѓу партнерство и брак, многу истополови парови избраа да го претворат своето партнерство во законски брак.
Во 2013г, 652 жени и 498 мажи регистрирани во Шведска стапиле во брак со лице од ист пол. Жените кои стапувале во брак биле помлади од мажите. Просечната возраст за жени кои стапуваат во истополов брак изнесува 34, додека кај мажите таа возраст изнесува 42 години. Вкупно 4 883 жени и 3 962 мажи живееле во истополов брак или регистрирано партнерство на крајот од 2013година. Ова одговара на нешто помалку од една личност на 1 000 жители во Шведска. Истополови бракови и регистрирани партнерства се најзастапени во три метрополоитски окрузи во Стокхолм, Вестра Геталанд, Скане, како и во округот Упсала.
Теодора Митревска