Џо Пеши го гледа „Сам дома“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако при крајот на минатата година некогашната детска холивудска ѕвезда Мекол Калкин повторно го оживеа култниот филмски лик Кевин, Google сними нова реклама за својот „Google Assistant“, а во неа се појавува славната холивудска ѕвезда Џо Пеши.

Пеши, кој во првиот и вториот дел од „Сам дома“ го глумеше ликот на Хари Лајм, во новата реклама седи со пријателите и го гледа 38-годишниот Калкин како ги заживува некои од најпознатите сцени од славната божиќна комедија.

Рекламата на социјалните мрежи ја сподели и Меколи. „Ми се допаѓа ова! Но, зошто Пеши не мораше да го облече својот костим?“ коментираше тој на Твитер.

Единствената замерка за рекламата од страна на публиката беше заради отсуството на втората половина од „лепливите“ бандити, бидејќи како ни во првата реклама, ни во втората го немаше Даниел Стерн.