Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо изби на првото место во стрелците во Серија „А” по два гола во мрежата на Парма.
Сепак, тие не беа доволни за победа против „млекарите“, кои стигнаа до реми 3:3 во последните секунди.
„Тоа е фудбалот. Се радувам за головите, но не сум среќен со резултатот. Парма чекаше на наша грешка. На крајот како да се повлековме премногу длабоко во својата половина. Треба само да останеме смирени. Не гледам причина за загриженост“, изјави Роналдо.
Cristiano Ronaldo has scored 17 goals in Serie A this season 💪
The last Juventus player to have done better in a single top-flight season was David Trezeguet in 2005-06 ⚫⚪ pic.twitter.com/Vm3Tfdz0F4
— GOAL (@goal) February 2, 2019
Сепак, статистиката од последните натпревари јасно укажува дека Јуве е далеку од сопствените стандарди. Проблемите се најчесто во одбраната и се дефинитивно поврзани со повредите на Леонардо Бонучи, Џорџо Киелини и Андреа Барзали.
За само два натпревари, „бјанконерите“ примија 6 гола – три од Аталанта за Купот на Италија и три од Парма. Исто толку голови Јувентус прими во претходните 14 натпревари.
Притоа, Јувентус само еднаш на последните пет меча во Серија А успеа да ја зачува мрежата без да прими гол.