Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот документарец „Медена земја“ („Honeyland“) на режисерскиот тандем Љубо Стефанов и Тамара Котевска, со победа во три категории, триумфираше во конкуренцијата за документарни филмови од целиот свет на престижниот американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“).
На церемонијата што се одржа во саботата (2 февруари) во Парк Сити, Јута, САД , „Honeyland“ ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change).
Прв пат во историјата на реномираната манифестација еден проект е награден со три признанија.
„Honeyland“ беше во официјална конкуренција на најпрестижниот американски фестивал за независни филмови „Санденс“ во категорија со уште 11 други документарци од целиот свет. Ова е првпат македонски долгометражен документарен филм, со мнозинска домашна копродукција, да влезе во конкуренција и да освои награди на „Санденс“, и токму поради ова е од големо значење за македонската кинематографија.
Премиерата на „Медена земја“ („Honeyland“) се одржа на 28 јануари 2019 година во рамки на 38. издание на „Санденс“ во Парк Сити, Јута.