Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот ракометар Новак Бошковиќ извршил самоубиство во семејниот дом така што си пукал со пиштол во глава, пренесуваат српските медиуми.
Во текот на самоубиството во домот била неговата сопруга, а неодамна овој 29-годишен ракометар доби и дете.
Бошковиќ пукал од пиштол кој легално го поседувал, а мотивите се уште не се познати.
Ракометарот роден во Сомбор за време на неговата кариера го носеше дресот на Копер, Макаби Тел Авив, Татабања и Динамо Букурешт.
Тој имаше и пет настапи со десет голови за репрезентацијата на Србија, а беше член на селекцијата на ЕП 2016 година.