Седум членки на ЕУ денеска би требало да го признаат Гваидо за претседател


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Седум земји членки на Европската унија денеска би требало да го признаат опозицискиот лидер Хуан Гваидо за претседател на Венецуела откако седум дневниот рок упатен од претседателот Николас Мадуро да распише предвремени избори истекува денеска.

Мадуро го одби барањето на Германија, Франција, Британија, Шпанија, Португалија, Холандија и Белгија. Тој пред своите поддржувачи собрани вчера во Каракас рече дека тој е вистинскиот претседател на Венецуела.

САД, Канада и други регионални важни земји меѓу кои Бразил, Колумбија и Аргентина веќе му ја дадоа својата поддршка на Гваидо. Други земји, пак, меѓу кои и Русија, кои имаат блиска воена соработка со социјалистичката венецуелска влада го поддржаа Мадуро.

Гваидо се самопрогласи за привремен претседател на 23 јануари пред десетици илјади луѓе кои протестираа против Мадуро, кој го почна својот втор мандат во јануари. Мадуро победи на изборите на 28 мај, но тие беа проследени со опозициски бојкот и обвинувања за изборни измами.