Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот филм Медена земја победи во конкуренција за документарци од целиот свет на американскиот фестивал Санденс.
Филмот е во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, а на премиерата на „Санденс“ присуствуваа и продуцентот и монтажер на филмот, Атанас Георгиев и снимателите Фејми Даут и Самир Љума.
Во категоријата во која е Медена земја имаше уште 11 други документарни филмови од целиот свет. Филмот ја доби големата награда на жирито за најдобар документарен филм, а на снимателите им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија.
„Медена земја“ раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на Земјините ресурси.
„Што друго да се каже? Нашата мала земја е навистина желна да ја испрати оваа порака до Владата: Ве молиме да го исчистите воздухот на најзагадената земја во светот“, рече продуцентот Атанас Георгиев при примањето на Главната награда.