Видете кои клубови потрошија најмногу во зимскиот преоден рок!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вчера и официјално заврши зимскиот преоден рок во кој видовме неколку големи и изненадувачки трансфери.

Иако оваа зима немаше трансфер „бомби“ како Филипе Кутињо минатата сезона, сепак неколку големи имиња ги променија своите клубови.

Најголемите трансфери оваа зима се остварија во вид на позајмици со право на откуп, па поради тоа немаше астрономски суми на пазарот.

Најгмногу во овој преоден рок потрошија Челзи и Милан. „Сините“ потрошија точно 73 милиони евра, а најголем дел од таа сума замина за трансферот на Кристиан Пулишиќ (64 милиони) и 9 милиони евра позајмицата на Игуаин.

На второ место е Милан со потрошени 70 милиони евра и тоа само за два трансфери, Пакета (35 мил) и Пјонтек (35 мил).

На третото место е кинески Гуангжу кој потроши 67 милиони евра, од кои 50 милиони за откупот на Паулињо.

Кога станува збор за првенствата, најмногу пари на трансфери и во овој пероден рок потрошија англиските клубови, вклупно 203,25 милиони евра. На второ место е Серија А со потрошени 168,10 милиони евра, па следи кинеската Супер лига (114 мил).