Полициски приведувања утрово – нов случај на ОЈО за злоупотреба на службена должност


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Утрово полициските служби извршиле приведувања на бивши министри и заменици министри од ресорот за земјоделие, во рамки на случајот на ОЈО за злоупотреба на службена должност при распределба на државно земјоделско земјиште.

Иако нема официјална потврда од МВР, неофицијално осомничени се поранешните први луѓе во министерството за земјоделие, Ацо Спасеновски и Михаил Цветков.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Лицата се осомничени дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп. Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра).

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени.