Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Видеото на кое еден анонимен Американец е снимен како со телото од своето синче го чисти снегот од автомобилот предизвика контроверзии и поделени реакции на социјалните мрежи.
Снимката, иако на прв поглед делува симпатично , на многумина не им се допадна. Додека едни го нарекуваат таткото генијалец, други го обвинуваат за злоупотреба на детето.
Мајката на детето објави порака во која вели дека сопругот побарал од неа леплива трака за да му ги залепи рацете и нозете на синчето за да не се намокри.
„Потоа го снимив ова видео, во кое сопругот го користи нашиот син за да го исчисти снегот. Синот уживаше!” напиша мајката.
Од друга страна бројни коментари го осудуваат таткото за злоставување на детето, а неговата забава ја прогласија за „глупава и одвратна”.