Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Европскиот парламент ја усвои резолуцијата со која го признава опозицискиот лидер Хуан Гваидо како легитимен претседател на Венецуела, повикувајќи ги европските лидери да го сторат истото.
Предлог-резолуцијата која беше прифатена денес, четврток, 31 јануари, ги повика лидерите од ЕУ да го признаат Гваидо како „единствен легитимен“ привремен претседател на јужноамериканската нација до наредните избори со цел „враќање на демократијата“ во Венецуела.
Федерика Могерини, шефица за надворешна политика и безбедност на ЕУ, апелираше Венецуела веднаш да ги ослободи тројцата уапсени новинари.
„Јасно повикувам на итно ослободување на вашите колеги во Каракас. Ние цврсто веруваме дека сите новинари треба да бидат способни да ги извршуваат своите должности, обврски и да ги остваруваат своите права при работа”, рече Могерини.