Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од илјадниците епски вицови за Чак Норис вели дека тој толку брз што може да си го гледа грбот пред себе кога трча. Е сега, колку се брзи неговите обожаватели наскоро ќе провери и самата акциона холивудска ѕвезда.
На 4 мај, оваа година, во Тексас ќе се одржи првата CForce Chuck Norris 5K трка, која на обожавателите од американскиот боречки гуру ќе им понуди незаборавно доживување и забава. Една од целите на трката е да биде срушен светскиот рекорд во собирање на едно место најмногу луѓе маскирани во Чак Норис.
Сите обожаватели можат да направат свој костим со кој ќе личат на Чак Норис, а награди ќе бидат доделени на најдобриот машки, женски и детски костим. Сите кои ќе се пријават, ќе добијат маица во стилот на Чак Норис и лажна брада како неговата.
Најинтересно од сè е што и самиот Норис ќе биде дел од трката и сите учесници кои ќе ги истрчаат петте километри лично ќе ги поздрави на целта.
„Пријавете се за CForce. Се гледаме таму“, ги повика тој своите обожаватели да се пријават на трката.
Настанот е од хуманитарен карактер и сите собрани средства ќе бидат донирани на организацијата Kickstart Kids, која Норис ја основаше со цел да го помогне развојот на студентите низ боречките вештини, како и на организацијата Mercy Project која се занимава со спречување на ропството на децата во Гана.