Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интензивните и обилни врнежи на снег патниот правец Маврово – Дебар беа причина за утрово во 7:30 да биде воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
На останатите патишта во државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот. Слаб снег провејува на планинскиот превој Буково.
Намалена видливост поради магла од 100 до 150 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Битола – Демир Хисар, Битола – граничен премин Меџитлија, до 50 метри на патните правци Куманово – Свети Николе и Велес – Градско и од 20 до 30 метри на патниот правец Берово – Виница.