Врховен пресече: СЈО не може да отвора истраги и да поднесува нови обвиненија по рокот од 18 месеци


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Специјалното јавно обвинителство не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка, е ставот на Врховниот суд на Република Македонија.

-Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка, се наведува во правното мислење објавено на веб страницата на Врховниот суд на РМ по одржаната општа седница.

Општата седница денеска беше одржана по повод иницијативите на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов, поднесени врз основа на член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите. Тасевски и Миланов се бранители на обвинети во предмети на СЈО.

Извор: Нова Македонија