Мама Викторија не го пушта Бруклин да биде во љубовна врска со Рита Ора


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сознанието дека 18-годишниот син Бруклин Бекам се гледа со популарната пејачка Рита Ора сериозно ја вознемирило и извадило од такт мама Викторија Бекам, пренесува The Sun.

Бруклин и од него девет години повозрасната Рита повеќе пати досега биле видени заедно, а некогаш и како разменуваат нежности во јавност. Британските медиуми тврдат дека се задевале и флертувале меѓу себе и преку пораки.

Викторија му фати неколку пораки на Бруклин кои тој ги разменувал со Рита. Таа смета дека Ора има лошо влијание врз нејзиниот најстар син и не сака тој да се забавува со неа“.

Изворот за медиумот вели дека уште во 2017 година Викторија Бекам многу јасно кажала дека не ја одобрува оваа романса.