Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека нашиот репрезентативец Горан Пандев довил богата понуда од Катар и може да ја напушти Џенова во зимскиот преоден рок.
Имено, катарскиот клуб Ал-Духаил го ставил на искушение Пандев со понуда од 8 милиони евра за следните две години, односно 4 милиони по сезона.
Тренер во катарскиот клуб е Руи Фарија, кој долги години беше прв асистент на Жозе Мурињо и многу добро го познава Горан Пандев од периодот кога заедно соработуваа во Интер.
И дефанзивецот на Јувентус Мехди Бенатија вчера го комплетираше трансферот во Катар, таму игра и Весли Снајдер, па многу веројатно е дека и Горан Пандев ќе ја прифати богатата понуда.