Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со новововеденото кривично дело „даночна измама“ кое е дел од измените на Кривичниот законик, Драган Павловиќ Латас може да се спаси од кривично гонење за предметот „Тотал“ кој е под ингеренции на СЈО со застарување на делото за кое е обвинет.
Од коалицијата „Сите за правично судење“ велат дека сега може да се направи преквалификација на делото „Тотал“ кое според обвинението повеќе се поклопува со овој нов член – даночна измама, отколку со даночно затајување – за што досега беше суден обвинетиот.
За делото „даночна измама“ се предвидени помали казни „од најмалку 6 месеци до три години“ за разлика „од најмалку 4 години“ колку што е предвидено за делото даночно затајување. Доколку се преквалификува како „даночна измама“ ова дело за Латас е веќе и застарен.
-Оние кривични дела кои се сторени во 2012 година, со намалени затворски казни, веќе се апсолутно застарени, рече Дарко Аврамовски од „Сите за правично судење“.
Во „Тотал“ новинарот Драган Павловиќ-Латас е обвинет за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“ медиа центар и „Медиамакс” и 63.032 евра како физичко лице.
Но застарувањето на делото не ја запира постапката за конфискација на имотот, иако според Аврамовски во Кривичниот законик не е прецизно напишано како би се конфискувал имотот во случај кога не може да се одржи судска постапка.
Извор: Нова ТВ