Со новите законски измени Груевски ќе остане пратеник, но без плата и надоместоци


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со предлог-измените на Законот за пратеници кои ги поднесоа група пратеници се предлага да се укине платата и надоместоците кои ги добива екс премиерот Никола Груевски, кој е осуден на две годишна затворска казна за „Тенк“.

Со измените се додава нов член со кој се предвидува „секој пратеник кој ќе биде осуден на повеќе 6 месеци затвор го губи правото на плата и надоместоците“.

Измените се ставени на дневен ред на денешната седница по скратена постапка, а се предложени од пратениците Снежана Калеска Ванчева, Горан Мисовски, Мухамед Зеќири, Соња Мираковска, Реџеп Мемеди и Реџаил Исмаили.. За да бидат усвоени потребни се 61 пратеник да гласаа „за“.

Екс премиерот Никола Груевски во ноември побегна во Будимпешта и го избегна издржувањето на затворската казна. И покрај тоа, тој добиваше месечна пратеничка плата намалена за 5 проценти секој месец.