Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сексуалните и љубовни сцени од филмовите често на големо се разликуваат од тоа како во реалност изгледа сексуалниот однос. Но, многумина како млади верувале дека сексот во стварниот живот навистина може да изгледа како оној на малите екрани.
Екипата од Buzz Feed направи конкретна проверка во кои митови за сексот луѓето поверувале затоа што ги виделе на телевизија или филм.
1. Градникот не се соблекува
„Мислев дека мораш да го задржиш градникот на себе, бидејќи тоа го видов на филмовите. Прв пат кога дечкото се обиде да ми го соблече градникот, бев многу нервозна и не му го дозволив тоа“, вели една испитаничка.
2. Сексот на маса е вообичаена појава
„Поради романтичните комедии бев убедена дека е удобно да се има секс на маса и дека тоа луѓето постојано го прават“.
3. Лесно е да имаш секс во автомобил
„Филмовите не учат дека сексот во автомобил е возбудлив и дека е лесно да се изведе. Освен ако немате некое доволно големо и пространо комбе, тоа е тешко да го направите“.
4. Сексот под туш е безбеден
„На филмовите сексот под туш е прикажан како прилично безбеден, а во стварност можете сериозно да се повредите. Да не споменувам дека сопругата и јас после таков секс често изгледаме како панди кои ги поминале низ бара“, вели друг испитаник.
5. Губењето на невиноста е многу романтичен момент
„На телевизија губењето на невиноста е секогаш прикажано како романтичен и прекрасен момент. Утре посабајле! Непријатно е и ужасно боли“, вели друга испитаничка.
6. Предигра не постои
„Холивуд ме наведе да мислам дека треба да се бакнуваме две секунди и веднаш потоа почнува акцијата. Ве молам за едноминутно молчење за сите јадни жени во филмовите кои не добиле ни малку предигра, туку пенисот одеднаш се нашол во нив“.
7. Сексот е секогаш добар
„Сексот е секогаш одличен и нема непријатни моменти. Сите знаат што точно сака нивниот партнер, без прашања, а оној непријатен момент кога го ставате кондомот воопшто не постои“.
8. Секоја поза е совршена
„Филмовите те тераат да мислиш дека секоја секс поза е идеална. Во реалност, женате никогаш не може да биде доволно флексибилна, а мажот никогаш доволно силен. Исто така, во филмовите никогаш не ги фаќа грч во ногата за време на некои незгодни пози“.
9. После сексот жената мора да се завитка со чаршаф
„Поради филмовите секогаш мислев дека жената треба да се завитка со чаршаф. Кој, за име божјо, воопшто го прави тоа?“
10. Сексот не е неуреден
„Во филмовите никогаш нема чистење после сексот. Сексот е неуреден и не е реално ликовите да се изонадат и сè околу нив да остане чисто. Кај им се влажните марамчиња, луѓе?“