Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Муралот кој уличниот уметник Бенкси го имаше изработено на влезна врата од парискиот театар Батаклан, каде за време на концерт во 2015 година се случи терористички напад, беше украден во петокот.
Од театарот Батаклан соопштија дека кражбата на ова дело е голема штета која ги вознемирила и нив и јавноста, бидејќи делото од Бенкси беше симбол на споменот за театарот кое им припаѓаше и на парижаните, но подеднакво и на цел свет.
Еден од најпознатите анонимни уметници на светот, го наслика тој мурал во чест на жртвите кои загинаа во терористичкиот напад што се случи на тоа место ноември 2015 година. Делото отсликува тажен црно-бел лик со наведната глава под превез.
Сознанијата укажуваат дека муралот е украден во петокот, со помош на комбе.