Во акција во тетовско и гостиварско приведени 26 „танчерки“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


При акциска контрола на полицијата и инспекциски служби во пет угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар синоќа биле приведени биле 26 жeни на возраст од 20 до 46 години. Повеќето од жените кои престојувале во објектите биле странски државјанки кои нелегално работеле.

Како што соопшти МВР, при контролата во угостителските објекти биле затекнати 39 женски лица, од кои 13 од Македонија, а 26 биле странски државјанки. Од нив 11 биле државјанки на Србија, девет на Албанија, четири на Бугарија и по една државјанка на Босна и Херцеговина и на Косово.