Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Припадничката на кланот Кардашијан/Џенер, славната Кајли, најпосле ги потврди гласините за тајната свршувачка за Тревис Скот. Тоа го направи преку својот Инстаграм профил.
Таа таму објави фотографија под која на шпански јазик напиша „Ми недостига мојот сопруг“, што предизвика лавина од коментари и пораки од љубопитни обожаватели кои сакаа да знаат дали тоа, всушност, е потврда за нејзината мажачка.
Иако е многу веројатно дека Кајли на овој начин ја открива големата новост, сепак, нејзините посветени и верни обожаватели би требало да земат во предвид уште неколку факти. На пример, дека таа Тревис долго време си го вика „маженце“.
Оваа фотка доаѓа после нејзината објава на Твитер дека е спремна за нешто големо, и дека сите обожаватели ќе бидат изненадени кога најпосле јавно ќе го објави тоа.