Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рускиот репрезентативец и член на Вардар Тимур Дибиров беше гостин во емисијата „Улица Македонија“.
Финансиските проблеми во Вардар секогаш се интересни за медиумите, па така и овој пат Дибиров доби прашање за ситуацијата во таборот на „црвено-црните“.
„Шпекулациите за некакво пропаѓање на Вардар не ги разбирам. Во Вардар се е супер, платата е редовна и функционираме одлично. Мислите ли дека јас Чупиќ, Карачиќ, Боразан играме без пари“.
Дибиров потенцираше и дека се чуствува како Македонец и дека неговите деца се Македонци.
„Јас и официјално сум Македонец, а и моите деца се Македонци, ќерката е родена во Скопје. Горд сум на тоа, не ми треба пасош само за да играм за репрезентацијата, туку и за Македонија да биде земјата во која ќе живеам во иднина“, порача Дибиров.
Во продолжение можете да го погледнете целото интервју на Дибиров.