Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сагата околу новиот договор на Мауро Икарди е при крај. Италијанските медиуми пренесуваат дека се договорени сите детали и недостасува само потпис.
Двете страни веќе подолго време беа во преговори за нов договор, а сега се чини дека конечно најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.
Икарди моментално заработува 4,5 милиони евра по сезона и бараше 100% зголемување на платата, однсоно 9 милиони евра, што Интер не беше спремен да му даде.
На крајот двете страни се договорија за 4-годишен договор според кој Аргентинецот ќе заработува 7 милиони евра по сезона.
Со новиот договор ќе биде избришната откупната клаузула од 110 милиони евра и сега таа ќе изнесува точно 180 милиони евра.
Италијанските медиуми тврдат дека се е договорено и во наредните денови Икарди и официјално ќе стави потпис на новиот договор.
✍️ #Icardi–#Inter: parti più vicine, le cifre del rinnovo https://t.co/coiD9EgVss
— calciomercato.it (@calciomercatoit) January 23, 2019