Дали тие двајца се новиот „ѕвезден“ холивудски пар?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американските таблоиди ги запалија страстите на јавноста со бомбастичната објава дека славниот актер Бред Пит наводно е во љубовна врска со еднакво познатата холивудска актерска ѕвезда Шарлиз Терон. Според наводите од американските медиуми, нив двајца ги поврзал бившиот свршеник на Терон, актерот Шон Пен.

Пит и Терон биле видени заедно на прикажувањето на филмот „Рома“ минатиот викенд во дворецот Мармонт во западен Холивуд.

„Беа многу блиски, цело време неговата рака беше на нејзиниот грб. Изгледаа многу среќно. Се гледаат веќе еден месец. Пријатели се некое време, а ги запозна, иронично, Шон, но работите се одвивале во друга насока“, рекол извор за „The Sun“.

Бред Пит претходно беше во брак со Џенифер Анистон и со Анџелина Џоли со која има пет деца, а Шарлиз Терон има две посвоени деца.