Златко Марин демантира дека се допишувал со сопругата на Саше Политико


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Градоначалникот на Аеродром Златко Марин демантира дека се допишувал со сопругата на Саше Политико и тврди дека скриншотовите од наводните разговори помеѓу него и сопругата на Саше, Марина се лажни, при што најави тужби.

„Наводните скриншотови од разговори помеѓу мене и сопругата на Саше Политико се лажни. Ова е безобразен обид за рушење на мојот личен интегритет и репутација. Барам извинување и официјален демант на лажната вест од сите портали и физички лица кои ја имаат пренесено оваа груба лага. Во спротивно најавувам тужба за клевета и навреда за сите оние кои ги шират лажните вести“, напиша Марин на Фејсбук.

Инаку, откако излезе скандалот со семејната расправија помеѓу Саше Ивановски и неговата сопруга, кај некои медиуми беше објавено дека причина бил градоначалникот на Аеродром кој наводно се допишувал со сопругата на Саше.