Војминовски испадна уште еден „жежок костен“: Секој „бега“ од неговото бекство


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Сите надлежни органи и институции се тргаат и негираат одговорност за бекството на Никола Војминовски, кој беше осуден за делото обид за убиство при нападот на пратеникот Зијадин Села.

Денеска државното обвинителство се правда. Тоа што Војминовски сведочеше во корист на обвинителството на судењето на крвавиот четврток велат не е поврзано со тоа што обвинителството се согласило тој од затворски да оди во куќен притвор. Потврдуваат дека тој првично бил во Шутка но поради тоа што имал срцеви проблеми и колабирал на едно од рочиштата одобриле да оди во куќен притвор. Сега ќе бараат дали некој му помогнал во бегството.

Од МВР нема одговор како избегал Војминовски. Велат дека тие се надлежни во текот на денот да прават ненајавена постапка во домот каде е притвореникот за да проверат дали го почитува притворот. И од судот вчера преку соопштение ја правдаа одлуката за домашниот притвор повикувајќи се на предлогот на обвинителството.

За адвокатот на Војминовски пак сè уште не е прецизирано дали тој е избеган, решението за ново изречениот притвор пак се уште не го добил. Потврдува дека во вторникот утрото родители на Војминовски пријавиле во полициската станица Ѓорче Петров дека синот не е дома. Но остава простор дека можеби нешто се случило со Војминовски бидејќи не покажал никакви знаци дека планира бегство.

Тој деновиве ја чекал одлуката на Апелациониот суд бидејќи се жалел што основниот суд не му го прифатил барањето за амнестија. Бил разочаран што не влегол во групата амнестирани. Се жалел и на затворската казна од 13 и пол години затвор но одлука и по таа жалба нема.

Инаку Војминовски заедно со Александар Јаневски Тошта ги добија највисоките затворски казни од седумтемина обвинети за обид за убиство на Села.

Извор: Телма