Македонскиот јазик на маргините, албанскиот во повластена позиција?!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За македонскиот јазик во државата се грижи владино советодавно тело, Совет за македонски јазик, составено од 8 члена и 1 претседател, кое не одржува повеќе од 12 седници годишно. Членовите не се вработени во Советот, туку функцијата ја извршуваат за паушал од 3 илјади денари, јавува ТВ Телма.

Во Агенцијата за албански јазик, што ќе се формира со новиот закон, членовите ќе бидат вработени, а нивниот број веројатно ќе биде многу поголем, затоа што ќе има судски преведувачи, лингвисти, дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори. За да стане некој лектор по македонски јазик, мора да има лиценца издадена од Комисија во Советот, за албански не мора.

Казните според Законот за македонски јазик се одредуваат по Законот за прекршоци, додека казните за неупотреба на албанскиот јазик се движат од 4 до 5 илјади евра. За имплементација на новиот закон се предвидени 1 милион и 700 илјади евра, од кои 8 милиони денари месечно ќе бидат само за Агенцијата. Сето ова, според македонистите, го става македонскиот јазик во нерамноправна положба во однос на албанскиот, особено затоа што, за употребата на албанскиот јазик ќе се грижи посебен Инспекторат, кој ќе има својство на правно лице при Министерството за правда.

Јачева укажува дека, македонскиот јазик е со години на маргините.

Уште пред донесувањето на законот, 17 професори од Институтот по макеоднски јазик со потпис бараа јавна расправа, но таа не им беше овозможена. Јачева вели дека тогаш и тие што биле против, но и тие што го поддржувале законот биле согласни во едно-дека е неспроведлив на терен и ќе предизвика многу проблеми. Или, според изјавата на еден универзитетски професор-„Законот има срцева мана„.

Далиборка Демјанска Цветановска/ТВ ТЕЛМА