Зошто понекогаш се штрекнувате во сон?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сигурно барем еднаш досега ви се случило нагло да се штрекнете додека заспивате. Ако не сте ја знаеле причината за таа појава, станува збор за хипничко штрекнување, ненамерно грчење на мускулите додека личноста потонува во сон.

Live Science пишува дека името го добило според состојбата на хипнагогија, односно состојба на премин од будност во сон. Грчевите на мускулите можат да настанат спонтано или можат да бидат предизвикани од надворешни фактори како звук или светлина. Некои луѓе тврдат дека со штрекнувањето знаат да доживеат и халуцинации.

Некои научници веруваат дека стресот, големите количества на кофеин, заморот и ненаспаноста можат да ги зачестат и шансите за хипничко штрекнување, но дека појавата уште не е доволно истражена. Некои тврдат дека за тоа може да придонесе и зголемената физичка активност во вечерните часови.

Научниците не се сигурни зошто точно се јавува таквото штрекнување, но постојат неколку теории. Една од нив вели дека тоа е природен телесен премин од будност во сон и дека се појавува кога нервите ќе олабават во текот на процесот.

Уште една популарна теорија се темели на еволуциската теорија и вели дека тие грчеви, всушност, се древен рефлекс на опуштањето на мускулите за време на потонувањето во сон. Пример, опуштањето означува дека приматот паѓа од стебло и тоа предизвикува брза реакција на мускулите, пишува Live Science.

Сепак, научниците се согласуваат дека станува збор за безопасна и вообичаена појава која не треба да ве загрижува.