Тереза Меј денес се соочува со гласање за недоверба на нејзиниот кабинет


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден ден откако британскиот парламент го отфрли со мнозинство гласови „против“ нејзиниот план за Брегзит, Тереза Меј се соочува со политички испит за доверба кон нејзиниот кабинет.

Ова гласање го иницираше Лабуристичката партија, но малку е веројатно дека ќе помине ако не се приклучат голем број конзервативни пратеници. Потегот уследи по поразот на планот на Меј за Брегзитот.

Набљудувачите очекуваа Долниот дом да го отфрли својот план, но резултатот одгласањето вчера: 432 спрема 202, претставува вистинско изненадување.

Според некои извештаи, тоа беше најголемиот пораз на една британска влада во Долниот дом во модерната историја. Ваквиот пораз го вовлекува во хаос целиот Брегзит на само неколку недели пред крајниот рок на 29 март.