Миризба поскапоцена од злато


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога нешто сака да се потенцира колку е скапоцено или вредно во материјален контекст, обично се споредува со злато или дијаманти. Но, скапоцените природни ресурси се далеку побројни од нивното сведување на злато и скапоцени драги камења.

Агар дрвото е еден од нив. Тоа отсекогаш било скапо и на цена. Во минатото, се користело како лек со оглед на тоа што било одличен ослободувач на болка. Денес, од медицинска употреба, најмногу се употребува како темјан.

Се создава кога се експлоатација на Акуилариа дрвјата. Кога ќе се собери, темното смолесто дрво е одделено од здравото дрво кое нема мирис и има некоја крем боја.

Скапоцената смола од ова дрво отсекогаш била производ кој држел висока пазарна цена, но и културолошка вредност. Познато како „кралот на темјанот“, агар дрвото интензивно било продавано на Блискиот исток и во Азија. Записи од династиите Танг и Сонг од Кина покажуваат дека бил високо ценет производ, а неговиот опоен мирис има културно-историски врски кои се протегаат низ будизмот, таоизмот и христијанството.

Денес, помали делови од смолата на ова дрво се берат за темјан и се продаваат за 7.470 долари по килограм. Поголемите трупци, и до неколку метри во висина, се продаваат како рачно резбани скулптури, а голем дел од овие трупци можат да достигнат сума над 200.000 долари.

Смолата е особено барана поради нејзината употреба во парфемите. Но, огромната побарувачка за ова дрво во текот на изминативе неколку децении резултираше до тоа Агар дрвото да стигне на прагот на изумирање.

Маслото кое се произведува од агар дрвото го викаат „течно злато“

„Asia Plantation Capital“ (АРС), една од најголемите плантажи за Акуилариа, се обидува да ги спаси дрвјата со поттикнување на одржливи насади од агар дрво во Хонг Конг и Азија. Тие веруваат дека неколку диви примероци останале во Хонг Конг, иако владата на Хонг Конг тврди дека биле засадени околу 10.000 садници годишно уште од 2009 година.

Сепак, едноставното садење на садници не е гаранција за опстанок со оглед на тоа што потребни се години за дрвјата да созреат. А моментално, повозрасните дрвја се под закана поради дрвокрадци.

„Дрвокрадците ги бараат постарите дрвја кои се природно инфицирани и имаат поголема вредност, така што овие дрвја се веќе загрозени“, изјави Жерард МекГирик, директор за продажба на „APC“.

Додека точниот број на дрвја кои останале во дивината е под знак прашалник, јасно е дека Хонг Конг се соочува со сериозни ловокрадци.

Во текот на изминатите две години, полицијата и одделот за чување успеал да спроведе 35 анти-ловечки операции. Сега, одделот планира да тестира електронско следење на дрвјата како и садење на други дрвја.