Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендарниот голман Петр Чех ќе стави крај на кариерата по завршувањето на сезоната.
Чех, кој наскоро ќе наполни 37 години реши да стави крај на својата 20-годишна кариера. Во моментов тој е член на Арсенал, но најдобрите денови од кариерата ги помина во Челзи.
Со „синиот“ дрес Чех четири пати беше шампион на Англија, а исто така ги освои и Лигата на шампиони и Лига Европа.
„Ова е 20-та сезона како професионален фудбалер и 20 години од потпишувањето на мојот прв договор. Чувствувам дека сега е вистинскиот момент да ставам крај на кариерата. Веќе 15 години сум во Премиер лигата каде освоив се што можеше да се освои и сметам дека постигнав се“, истакна Чех.
Arsenal goalkeeper Petr Cech has announced that he will retire at the end of the season. He will retire having won every trophy possible while playing in England. (Source: @PetrCech) pic.twitter.com/sykV4ccg9j
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 15, 2019
https://youtu.be/k2Y560w_S0E