Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После уставните измени со кои се менува и името на државата од Република Македонија во Република Северна Македонија и стапувањето на сила на овие измени, за пет години, поточно најдоцна до 2024 година, граѓаните ќе треба да ги сменат личните документи и да извадат нови кои ќе го носат и новото државно име.
Новите лични карти и пасоши ќе треба да си ги платат граѓаните. Истото се однесува и за новите ознаки на регистарските таблички на нивните возила, најдоцна во рок од пет години откако ќе биде ратификуван договорот за името во Парламентот во Грција.
Со амандманот на БЕСА освен државјанството кое ќе биде македонско ќе стои и етничката припадност на граѓаните од малцинските заедници.
Одлуките за уставните измени и за имплементацијата на Договорот од Преспа и за измените во Уставот, се веќе објавени во Службен весник. Со тоа тие фактички и формално веќе стапуваат на сила.