Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неодамна, на Инстаграм, се појави профил world_record_egg, кој многу брзо стана вирален хит и многу јасно даде до знаење што сака да постигне на оваа социјална мрежа.
View this post on Instagram
На целиот профил има само една објава – слика од јајце, а целта е единствена – да го сруши рекордот на „најлајкана“ објава на Инстаграм, рекорд кој моментално го држи Кајли Џенер со 18 милиони „допаѓања“ со фотографијата од рачето на нејзиното бебе.
View this post on Instagram
Јајцето собра неверојатни 30 милиони „допаѓања“. Интересно е што вчера, во само три часа од денот, бројот на „лајкови“ скокна од 14 на 18 милиони „допаѓања“.
„Кајли Џенер го држи рекордот за најмногу лајкови на објава на Инстаграм со 18 милиони допаѓања. Дали можеме да го срушиме со фотографија од јајце?“, стои во описот од профилот кој моментално го следат 3,4 милиони „следбеници“.
View this post on Instagram