Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тимовите на Реал Мадрид и Рајо Валекано до овој момент најмногу „настрадале“ по судиските одлуки донесени со ВАР консултација во Примера, пренесува „АС“.
Актуелниот европски шампион цели шест пати (иско колку и Рајо) бил разочаран после употребата на новата технологија. Само во два случаи ВАР донесол одлука во полза на „кралевите“ оваа сезона.
Синоќа после ВАР консултација судијата Ернандес му призна гол на Серхио Рамос, но ги поништи головите на Лука Модриќ и Марко Асенсио поради офсајд.
Во првото Ел Класико оваа сезона ВАР и помогна на Барселона, откако повторената снимка покажа прекршок од Варан над Луис Суарез.
Capitán 🙌 Goleador
4⃣ @SergioRamos
2⃣4⃣ @DaniCeballos46
¡¡VAMOS!!#HalaMadrid pic.twitter.com/2NJWI6EyAk— Real Madrid C.F. (@realmadrid) January 13, 2019